АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ
Нашата архитектонска фирма АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ е основана во 1990 година во Скопје од архитектите Илија и Моника Стојчевски. Триесет години проектираме објекти за домување, комерцијални и општествени објекти и ентериери за истите.
Во моментот Ателје проектинг е фамилијарна фирма со две генерации архитекти, каде младоста и креативноста се надополнуваат со искуството. Нашите архитекти, дизајнери, како и стручни соработници се високо образовани со овластувања за сите фази во проектирањето. Поседуваме потребни лиценци за проектирање, надзор и ревизија во рамки на државата.
Кон секој проект пристапуваме со посветеност, се трудиме да ги задоволиме потребите и желбите на клиентот, но секогаш тежнееме тоа да биде во согласност со стручните стандарди, прописи и нормативи.
Со примена на нови и современи компјутерски софтвери овозможуваме прецизно и детално изработување на проекти, како и 3Д визуално претставување на истите со што инвеститорите можат подобро да го визуелизираат својот проект.
Наша цел е да создаваме современи, квалитетни технички решенија, со нагласена функционалност, со еколошки материјали, енергетски ефикасни објекти и оптимална конструкција.
Услуги кои ги вршиме:
- Изработка на архитектонски проекти
- Изработка на проект за дизајн на ентериер
- Изработка на 3D модели, визуелизација и анимација
- Дизајн и проектирање на мебел и опрема
- Стручен надзор над изградба на објекти
- Стручна ревизија на проекти
НАГРАДЕНИ КОНКУРСНИ ПРОЕКТИ
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ НА ЕЛЕМ
ПРВА НАГРАДА (2006)
ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС
ОТКУПЕН ПРОЕКТ (1995)
СТАНБЕНО - ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС, КУМАНОВО
ОТКУПЕН ПРОЕКТ (1995)
ТЕАТАР ВО ВЕЛЕС
ПРВА НАГРАДА (1994)
СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕ
ВТОРА НАГРАДА (1993)
БАНКА ВО НОВОКУЗЊЕЦК, РУСИЈА
ПРВА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС (1993)
УГОСТИТЕЛСКО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Mc Donald`s
ВТОРА НАГРАДА (1990)
ГОДИНИ
ПРОЕКТИ
ЕНТЕРИЕРИ
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
НАШИОТ ТИМ
Моника Стојчевска
- управител и архитект -Моника Стојчевска е родена во 1963 година во Прилеп. Средно образование завршува во гимназијата Јосип Броз Тито - Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при универзитетот ˶ Св. Кирил и Методиј ̋ во Скопје во 1987 година. Во 1990 година заедно со сопругот Илија Стојчевски го формираат друштвото за проектирање и инженеринг Ателје проектинг, каде работи како управител и главен проектант.
Во своето долгогодишно работење, проектант е на голем број објекти, ентериери, како и наградени проекти во рамките на Ателје проектинг. Меѓу најзначајните награди е првата награда на конкурсот во 1994 година за идејно решение на Театар Ј.Х.К. Џинот во Велес, од каде продолжува понатамошното проектирање на основен проект, проект за ентериер и целосно завршивање на еден многу значаен општествен објект.
Помеѓу позначајните реализирани проекти може да се набројат:
- Хотелски комплекс во Визбегово,Скопје - проект и проектантски надзор (2016-2019)
- Хотел и СПА Глориус, езеро Младост Велес - проект и надзор (2016)
- Хотел Александар Палас, Скопје - ентериер и проектантски надзор (1998-2019)
- Винарска визба ''Сковин'', Скопје - проект за ентериер и надзор (2010)
- Болница „Систина“ , Скопје - основен проект, проект за ентериер и надзор (2009- 2011)
- Театар Ј.Х.К. Џинот, Велес - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2008-2014)
- Административен објект на Регионален катастар, Скопје - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2006)
- Средно училиште АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје - основен проект за реконструкција и надградба (1999) и основен проект за спортска сала (2014)
- Казино во хотел Метропол, Охрид - проект за реконструкција (2003)
- Влада на Р. Македонија - Партерно уредување на плато (2000)
Илија Стојчевски
- менаџер и архитект -Илија Стојчевски е роден 1956 година во Старавина. Средно образование завршува во гимназијата Никола Карев - Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при универзитетот ˶ Св. Кирил и Методиј ̋ во Скопје во 1981 година. Во периодот до 1983 година бил проектант соработник во Бирото за Проектирање на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1983 година до 1986 година работи во ГП Гранит - VI Градилиште како раководител на објект во оператива. Од 1986 година до 1996 година станува главен проектант во ГП Гранит - Гранитпроект - Скопје. Во овој период има работено на повеќе проекти, меѓу кои позначајни се:
- Банка во Новокузњецк, Русија - првонаграден проект на меѓународен конкурс (1993)
- Станбена кула во Нижни Новгород, Русија - идеен проект (1994),
- Хотел Белви, Охрид - основен проект (1989),
- Хотел Гранит, Охрид - основен проект и проект за ентериер (1991),
- Сала за состаноци во Влада на Р. Македонија - ентериерно уредување (1991)
- Кабинет на Премиер на Р. Македонија - ентериерно уредување на (1991).
Во 1990 заедно со сопругата Моника Стојчевска го формираат друштвото за проектирање и инженеринг Ателје проектинг, каде работи како главен проектант, надзорен инженер и менаџер на проекти. Во своето долгогодишно работење во Ателје проектинг Илија е главен проектант на голем број проекти за домување, ентериери, реконструкции, како и проекти за општествени и комерцијални објекти меѓу кои позначајни реализирани проекти се:
- Хотелски комплекс во Визбегово, Скопје - проект и проектантски надзор (2016-2019)
- Хотел и СПА Глориус, езеро Младост, Велес - проект и надзор (2016)
- Спа Центар во хотел Александар Палас , Скопје - проект за реконструкција и ентериер (2012)
- С>редно училиште АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје - основен проект за реконструкција и надградба (1999) и основен проект за спортска сала (2014)
- Винарска визба ''Сковин'', Скопје - проект за ентериер и надзор (2010)
- Болница „Систина“, Скопје - основен проект, проект за ентериер и надзор (2009- 2011)
- Театар Ј.Х.К. Џинот, Велес - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2008-2014)
- Административен објект на Регионален катастар, Скопје - основен проект, проект за ентериер и проектански надзор (2006)
- Казино во хотел Метропол, Охрид- проект за реконструкција (2003)
- Влада на Р. Македонија, Скопје – проект за партерно уредување на плато (2000)
- Хотел Александар Палас, Скопје - ентериер и проектантски надзор (1998)
Илија е и проектант на голем број наградени проекти на меѓународни и домашни конкурси, како и добитик на Голема награда за реализирано дело – Хотел Гранит во 1993 година. Меѓу најзначајните награди е првата награда на конкурсот во 1994 година за идејно решение на Театар Ј.Х.К. Џинот во Велес, од каде продолжува понатамошното проектирање на основен проект, проект за ентериер и надзор, се до негово целосно завршување.