Јоана Стојчевска
 
 
 
 
 
 
 
Јоана Стојчевска

Јоана Стојчевска

Магистер инженер архитект

- архитект -

Јоана е родена во 1993 година во Скопје. Средно образование завршува во гимназијата Никола Карев. Магистрира на Архитектонскиот факултет при универзитетот ˶ Св. Кирил и Методиј ̋во Скопје во 2017 година. За време на студирањето е практикант во неколку архитектонски и градежни фирми, каде се стекнува со практично знаење. Покрај студирањето, Јоана својот талент, креативност и вештини успешно ги применува и како дел од уметничкиот тим за реализација на балетски продукции. Учествува во повеќе студентски изложби, работилници и проекти од кои позначајни се: Прво Биенале во Солун (2012), Проект за примена на дигитална фабрикација (2014), Интернационален саем на современа уметност - Паратисима (2014), RE NEST- работилница за параметрички дизајн и дигитална фабрикација. Од 2017 година започнува да работи во Ателје проектинг како проектант - соработник на сите тековни проекти. Помеѓу позначајните проекти на кои има работено можат да се споменат:

  • Хотелски комплекс во Визбегово,Скопје - проект и проектантски надзор (2016-2019)
  • Проект за ентериер на деловен простор, Центар,Скопје (2019)
  • Угостителски објект, Скопје - идеен проект и 3D визуелизација (2018)
  • Хотел и СПА Глориус, езеро Младост Велес - основен проект и надзор (2016)
  • Објект за времено сместување во КО Ќојлија општина Петровец - основен проект (2017)
  • Станбен објект во Лисиче – Скопје - основен проект и 3D визуелизација (2013)
  • Индивидуална семејна куќа во Тфталиџе, Скопје - идеен и основен проект и 3D визуелизација (2013)