Бисера С. Филиповска
 
 
 
 
 
 
 
Бисера С. Филиповска

Бисера С. Филиповска

Магистер по дизајн на ентериер

- дизајнер на ентериер -

Бисера е родена во 1988 година во Скопје. Средно образование завршува во гимназијата ˶ Никола Карев ̋ во 2006. Во 2009 година дипломирала на факултетот за Арт и дизајн при Европскиот факултет во Скопје насока дизајн на ентериер, а потоа продолжува на постдипломски студии на истиот факултет. Во 2013 година магистрирала на тема - ˶Современа адаптација и дизајн на ентериер на историски објекти - градски куќи и палати од старо Скопје ̋. За време на студиите има учествувано на бројни студентски изложби, како и на други настани: Недела на претприемништво - учество со дизајн на часовник (2009), Недела на претприемништво - учество со дизајн на мебел (2008), Македонски духовни конаци - учество со мултимедијален проект (2009), Изложба во Нови Сад - учество со дипломски труд (2009), Саем за мебел - учество на конкурс и изложба за дизајн на столица (2010), Биенале на архитектура (2010). Од 2013 работи во Ателје проектинг како дизајнер на сите тековни проекти за ентериер и изработка на 3D визуелизации. Во своето досегашно работење има значајно учество во следните проекти:

  • Проект за ентериер на деловен простор, Центар,Скопје - проект и 3D визуелизација (2019)
  • Хотелски комплекс во Визбегово, Скопје - 3D визуелизација на идеен и основен проект(2016-2019)
  • Хотел и СПА Глориус, езеро Младост Велес - 3D визуелизација на идеен и основен проект и проект за летна тераса (2016 и 2018)
  • Ентериер на свечани сали на хотел Александар Палас, Скопје - проект за ентериер и 3D визуелизација (2017)
  • Проект за ентериер на луксузен стан, Водно, Скопје - проект за ентериер и 3D визуелизација (2015)
  • Индивидуална семејна куќа, Горно Соње, Скопје - проект за ентериер и 3D визуелизација (2013)
  • Трговски центар „КАМ“,Скопје - проект за ентериер (2010)
  • Винарска визба ''Сковин''- Скопје - проект за ентериер и 3D визуелизација(2010)