УРЕДУВАЊЕ НА ПОТКРОВЈЕ

УРЕДУВАЊЕ НА ПОТКРОВЈЕ

Становите во поткровје имаат посебен шарм и специфичност, но за да се искористи максимално просторот и да биде естетски и функционален треба добро да се испланира уредувањето. Со коси плафони и греди, мала висина во одредени точки, баџи и кровни прозорци вистински предизвик e да се дизајнира овој тип на станови. Многу често поради предизвиците при дизајнирањето, овие станови имаат уникатен изглед. Доколку живеете во поткровје или планирате да купите стан на поткровје, прочитајте ги следниве совети за да ви помогнат во уредувањето на просторот:

БОЈА

За да се постигне ефект на поголем простор, пожелно е ѕидовите и плафонот да се во бела боја или светли нијанси на беж или сиво. Акценти во ентериерот како на пример црната боја ќе го направат визуелно поатрактивен. За да се добие визуелно повисок простор, потенцирајте ги највисоките ѕидови, мебелот или плафонските површини со потемни бои.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВИСИНАТА

Ниските делови во поткровјето треба да бидат “пасивни зони’’ каде што нема движење. Во зависност од висината може да се искористат со поставувањена: работно биро, библиотека, комода, светилка, растение итн.

 

 

 

 

 

 

 

КРОВНИ ПРОЗОРИ

Кровните прозори се одличен извор на природна светлина и овозможуваат ефикасно искористување на темните делови во просторот. Тие исто така овозможуваат несекојдневни погледи на околината.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МЕБЕЛ ПО МЕРКА

Максимално искористете го просторот кај косините, со мебел изработен по мерка. Плакарите, кујнските елементи и библиотеките може да се прилагодат на геометријата на просторот и идеално да се вклопат во ентериерот. Мебелот без рачки може да се претопи со ѕидовите за да се постигне минималистички изглед.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗОЛАЦИЈА

За просторот во поткровјето да биде пријатен за престој во секој дел од годината и да нема зголемена потрошувачка на енергија за греење и ладење, потребно е да има добра термоизолација. Консултирајте се со архитект за да постигнете најдобри карактеристики на вашиот стан во поткровје.

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку сакате Вашиот стан во поткровје да биде функционален, максимално да се искористи и убаво да изгледа контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277