КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

Уредување на домот во целина претставува комплексен процес. Покрај димензиите и естетиката кои треба да се задоволат, многу е важно и буџетот да не се надмине. Советите за заштеда при уредување на домот секогаш се добредојдени. Прочитајте ги советите што ги споделуваме и применете некој од нив доколку сте во фаза на уредување.


 

ДЕФИНИРАЈТЕ ГО БУЏЕТОТ СО КОЈ РАСПОЛАГАТЕ

Информирајте го архитектот или дизајнерот за вашиот буџет за да имаат во предвид кој тип на материјали и производители би се вклопиле во него.

 

ПРИОРИТЕТИ ВО КУПУВАЊЕТО

Прво купете ги најважните парчиња мебел и опрема за домот без кои не можете да функционирате. Декорацијата и додатоците оставете ги последни за купување кога веќе ќе имате визуелно престава што би се вклопило и што ви е потребно. На овој начин ќе заштедите купување на украси кои не одовараат на вашиот дом или не ви требаат.


 

ПРАКТИКУВАЈТЕ МИНИМАЛИЗАМ

Минимализмот во основа претставува поседување на мал број предмети и мебел, a со тоа се намалува и сумата за купување на истите. Доколку се пронаоѓате во филозофијата на минимализмот обидете се да го примените во уредување на домот.


 

ИЗБЕГНУВАЈТЕ DIY ПРОЕКТИ

Ако планирате самите да изработувате мебел, монтирате или кречите на почеток може да изгледа како забавна идеја и заштеда на одредена сума пари. Доколку немате искуство или технички познавања подобро е да избегнувате вакви активности. Скриените трошоци се појавуваат кога ќе сфатите колку алат треба да купите за да ја завршите работата, долгиот период за изведба или заради неискуство дел од материјалот ќе остане неупотребен.


 

КУПУВАЈТЕ ЕКСПОНАТИ

Парчињата мебел кои се изложени во продавниците често се со поголем попуст од парчињата по порачка. Доколку мебелот ви одговара и е во добра состојба, одберете да купите експонат. Со тоа го скратувате и периодот за чекање доколку имате краток рок.