ДИЛЕМИ ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА КУЈНА

ДИЛЕМИ ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА КУЈНА

Уредувањето на кујната има големо влијание во секојдневието заради тоа што ја користиме постојано. Одлуките кои ги носите во дизајнирањето на кујната имаат долгорочни последици. За да направите правилен избор кој ќе одговара на вашите функционални и естетски потреби ги издвојуваме најчестите дилеми со кои сите се соочуваме во уредувањето на кујните.

1. Плочки или стакло
Плочките се соодветен избор кога сакаме да се долови специфичен стил со нивниот дизајн. Најдобар избор се за во затворени кујни.
Стаклото е добар избор за минималистички изглед на кујна и изгледа дискретно во отворена кујна.

2. Вграден или обичен фрижидер
Вграден фрижидер изгледа интегрирано со дизајнот на кујната што е особено важно кога се наоѓа во отворен простор со дневниот престој.
Обичниот фрижидер е добар избор ако има специфичен дизајн кој ја надополнува целината на кујната.

3. Затворени или отворени горни елементи
Затворените елементи овозможуваат максимален простор за чување садови и кујнски прибор и ги заштитуваат од прашина и мрснотија.
Изгледаат минималистички и хармонично.
Отворените полици во кујната визуелно се поинтересни, лесно пристапни и нивната изработка е поефтина. Но, за да изгледаат убаво треба естетски да се ускладени садовите кои се чуваат на нив.

4. Фурна горе или долу
Кога фурната се наоѓа горе е попрегледа и полесно достапна. Изгледа помодерно и е соодветен избор за кујни со голема работна површина зашто во спротивно ја намалува корисната површина.
Кога фурната е поставена долу- под плотната за готвење, подобро се апсорбираат мирисите од аспираторот и поефикасно се користи просторот.

5. Композитен или иноксен мијалник
Композитниот мијалник изгледа естетски убаво посебно коа е излеан со работната плотна. Има голем избор на бои кои се вклопуваат во секаков дизајн. Недостаток е што потешко се одржува и прима бои од храна.
Иноксниот мијалник е полесен за одржување, поефтин и подолго трае. Не ‘рѓосувачкиот челик заради неговите перформанси е најсоодветен материјал за употреба во кујни.