ИНСПИРАЦИЈА ЗА ЛЕТНИ БОИ ВО ДОМОТ

ИНСПИРАЦИЈА ЗА ЛЕТНИ БОИ ВО ДОМОТ

На прагот на летото бараме инспирација во природата и опркружувањето за да ги внесеме истите во домот. Летото кај сите нас буди позитивни емоции и радост, па истите сакаме да ги пренесеме и во ентериерите кои ќе ги создаваме ова лето.

Она што најмногу не инспирира во оваа сезона се мирисите на летните цвеќиња и билки, боите на морето, текстурата на каменот и глината.

Ги споделуваме со вас за да се инспирирате и да ги примените во домот.

БОЈА НА ЛАВАНДА

Само една фотографија е доволна за да го замислиме мирисот на лаванда. Лавандата цвета во лето, покрај опојниот мирис изгледот  на полињата е незабоавен. Искористете ја оваа нежна виолетова боја во домот, за ѕидовите, при изборот на перничиња или фотелја. Ќе внесе нежен романтичен изглед и смиреност.

 

 

 

 

 

 

ЖОЛТА БОЈА

Жолтата боја е боја на сонцето, секогаш во ентериерот внесува оптимизам. Кога нијансата е светла со боја на лимон, внесува свежина во просторот. Нијансите на жолто кои се поблиски до портокаловата, внесуваат топлина и отменост. Жолтата боја може да се внесе во просторот преку детали како што се вазни, саксии и украси. Исто така преку текстил како што се перници,  постелнина и чаршави.

 

 

 

 

 

ТИРКИЗНИ НИЈАНСИ

Морето како главна асоцијација за одмор е дестинација по која сите мечтаеме. Доволно е само еден поглед на морската шир за да се чувствуваме подобро. Со користење на тиркизно сини нијанси во домот направете амбиент кој ве потсеќа на море. Може да употребите на сина боја на ѕидовите, а може да ја внесете и преку фотографии и слики со мотиви поврзани со темата. Сината боја ќе внесе смирен амбиент и хармонија во просторот.

 

 

 

 

ТЕРАКОТА НИЈАНСИ

Топлите нијанси на теракота и портокаловите земјени тонови секогаш се поврзуваат со медитеранот. Добра основа се за комбинирање со други бои бидејќи се неутрални. Убаво се комбинираат со сите бои кои ги наведовме претходно. Овие нијанси убаво изгледаат применети на ѕидови и подови, вазни и саксии посебно кога има рустична и рапава текстура.

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277