ЗА НАС

АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ

Нашата архитектонска фирма АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ е основана во 1990 година во Скопје од архитектите Илија и Моника Стојчевски. Триесет години проектираме објекти за домување, комерцијални и општествени објекти и ентериери за истите.

Во моментот Ателје проектинг  е фамилијарна фирма со две генерации архитекти, каде младоста и креативноста се надополнуваат со искуството. Нашите архитекти, дизајнери, како и стручни соработници се високо образовани со овластувања за сите фази во проектирањето. Поседуваме потребни лиценци за проектирање, надзор и ревизија во рамки на државата.

Кон секој проект пристапуваме со посветеност, се трудиме да ги задоволиме  потребите и желбите на клиентот, но секогаш  тежнееме тоа да биде во согласност  со стручните стандарди, прописи и нормативи.

Со примена на нови и современи компјутерски софтвери овозможуваме прецизно и детално изработување на проекти, како и 3Д визуално претставување на истите со што инвеститорите можат подобро да го визуелизираат својот проект.

Наша цел е да создаваме современи, квалитетни технички решенија, со нагласена функционалност, со еколошки материјали, енергетски ефикасни објекти и оптимална  конструкција.

Услуги кои ги вршиме:

  • Изработка на архитектонски проекти
  • Изработка на проект за дизајн на ентериер
  • Изработка на 3D модели, визуелизација и анимација
  • Дизајн и проектирање на мебел и опрема
  • Стручен надзор над изградба на објекти
  • Стручна ревизија на проекти

TимНаградени конкурсни проектиРеферентна листа

                                                                                        НАГРАДЕНИ КОНКУРСНИ ПРОЕКТИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ НА ЕЛЕМ

ПРВА НАГРАДА (2006)

ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

ОТКУПЕН ПРОЕКТ (1995)

СТАНБЕНО - ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС, КУМАНОВО

ОТКУПЕН ПРОЕКТ (1995)

ТЕАТАР ВО ВЕЛЕС

ПРВА НАГРАДА (1994)

СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕ

ВТОРА НАГРАДА (1993)

БАНКА ВО НОВОКУЗЊЕЦК, РУСИЈА

ПРВА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС (1993)

УГОСТИТЕЛСКО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Mc Donald`s

ВТОРА НАГРАДА (1990)

34

ГОДИНИ

57

ПРОЕКТИ

60

ЕНТЕРИЕРИ

115

ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

НАШИОТ ТИМ

Моника Стојчевска

- управител и архитект -
Дипломиран инженер архитект

Моника Стојчевска е родена во 1963 година во Прилеп. Средно образование завршува во гимназијата Јосип Броз Тито - Скопје. Дипломира…

Илија Стојчевски

- менаџер и архитект -
Дипломиран инженер архитект

Илија Стојчевски е роден 1956 година во Старавина. Средно образование завршува во гимназијата Никола Карев - Скопје. Дипломира на Архитектонскиот…

Јоана Лекиќ

- архитект -
Магистер инженер архитект

Бисера С. Филиповска

- дизајнер на ентериер -
Магистер по дизајн на ентериер