ДИЗАЈНЕР НА ЕНТЕРИЕР ВИ Е ПОТРЕБЕН АКО…

ДИЗАЈНЕР НА ЕНТЕРИЕР ВИ Е ПОТРЕБЕН АКО…

  1. НЕМАТЕ ВРЕМЕ

Немате време да пребарувате на интернет идеи, немате време да земате мерки од просторот и да планирате, немате време да шетате по салони за мебел и да се договарате со мајстори, и да размислувате за димензии и трендови.

  1. НЕМАТЕ ИДЕЈА

Доколку немате идеја за уредување на новиот простор или имате почетна идеа, но не знаете како би ја реализирале во реалност. Дизајнерот на ентериер ќе ви помогне да ги одредите приоритетите и анализирате идеите и како би се примениле најсоодветно во вашиот простор.

  1. НЕОДЛУЧНИ СТЕ

Има ситуации во кои не можете да донесете одлука за одредена работа во уредувањето, а со тоа и не може да отпочне процесот, односно да тече непрекинато. Или понекогаш не можете да се договорите со партнерот или со останатите членови на семејството. Во ваквите ситуации, дизајнерот може да ви помогне бидејќи непристрасно и аргументирано ќе ви ги образложи сите аспекти на решенијата за кои се двоумите.