Илија Стојчевски
Дипломиран инженер архитект
- менаџер и архитект -Илија Стојчевски е роден 1956 година во Старавина. Средно образование завршува во гимназијата Никола Карев - Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при универзитетот ˶ Св. Кирил и Методиј ̋ во Скопје во 1981 година. Во периодот до 1983 година бил проектант соработник во Бирото за Проектирање на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1983 година до 1986 година работи во ГП Гранит - VI Градилиште како раководител на објект во оператива. Од 1986 година до 1996 година станува главен проектант во ГП Гранит - Гранитпроект - Скопје. Во овој период има работено на повеќе проекти, меѓу кои позначајни се:
- Банка во Новокузњецк, Русија - првонаграден проект на меѓународен конкурс (1993)
- Станбена кула во Нижни Новгород, Русија - идеен проект (1994),
- Хотел Белви, Охрид - основен проект (1989),
- Хотел Гранит, Охрид - основен проект и проект за ентериер (1991),
- Сала за состаноци во Влада на Р. Македонија - ентериерно уредување (1991)
- Кабинет на Премиер на Р. Македонија - ентериерно уредување на (1991).
Во 1990 заедно со сопругата Моника Стојчевска го формираат друштвото за проектирање и инженеринг Ателје проектинг, каде работи како главен проектант, надзорен инженер и менаџер на проекти. Во своето долгогодишно работење во Ателје проектинг Илија е главен проектант на голем број проекти за домување, ентериери, реконструкции, како и проекти за општествени и комерцијални објекти меѓу кои позначајни реализирани проекти се:
- Хотелски комплекс во Визбегово, Скопје - проект и проектантски надзор (2016-2019)
- Хотел и СПА Глориус, езеро Младост, Велес - проект и надзор (2016)
- Спа Центар во хотел Александар Палас , Скопје - проект за реконструкција и ентериер (2012)
- С>редно училиште АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје - основен проект за реконструкција и надградба (1999) и основен проект за спортска сала (2014)
- Винарска визба ''Сковин'', Скопје - проект за ентериер и надзор (2010)
- Болница „Систина“, Скопје - основен проект, проект за ентериер и надзор (2009- 2011)
- Театар Ј.Х.К. Џинот, Велес - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2008-2014)
- Административен објект на Регионален катастар, Скопје - основен проект, проект за ентериер и проектански надзор (2006)
- Казино во хотел Метропол, Охрид- проект за реконструкција (2003)
- Влада на Р. Македонија, Скопје – проект за партерно уредување на плато (2000)
- Хотел Александар Палас, Скопје - ентериер и проектантски надзор (1998)
Илија е и проектант на голем број наградени проекти на меѓународни и домашни конкурси, како и добитик на Голема награда за реализирано дело – Хотел Гранит во 1993 година. Меѓу најзначајните награди е првата награда на конкурсот во 1994 година за идејно решение на Театар Ј.Х.К. Џинот во Велес, од каде продолжува понатамошното проектирање на основен проект, проект за ентериер и надзор, се до негово целосно завршување.