Зошто Ви е потребен архитект?

Зошто Ви е потребен архитект?

Сите имаме по неколку папки со зачувани слики од интернет од куќи кои ни се допаѓаат, но како тие идеи да се остварат во реалност?

Кога започнуваме со планирање на новиот дом, премногу информации почнуваат да стигаат до нас: препораки, идеи, материјали, цени, добри и лоши искуства. Сите овие информации не е лесно да се примат и искористат и најчесто остануваме збунети и неодлучни.

Воедно можно е да се повајават голем број на непредвидени проблеми како: локацијата кој сте јa купиле да не одговара на вашите замисли и идеи, дворот е мал, соседите се преблиску, ориентацијата не е соодветна и тн.

Или пак во станот кој сте го купиле после долго штедење, никако не може да ја сместите отворената кујна со голем остров која ја посакувате.

Консултација со архитект пред да инвестирате во нов дом или деловен простор секогаш може да Ви помогне во иднина да ги избегнете непланираните проблеми.

Почнувајќи од избор на локација за градба, куќа или стан пред купување, архитектот може освен време да Ви заштеди и пари. На тој начин што ќе изработи проект кој функционално и естетски ќе одговара на вашите потреби, ќе предвиди примена на соодветна конструкција и материјали, ќе изработи прецизни предмер пресметки со кои ќе можете да барате конкретни понуди за изведба, ќе изработи 3D модел преку кој ќе можете полесно да го визуализирате просторот и ќе го води целиот процес за добивање на одобрение за градба.

Следејќи го овој процес на работа, постепено вашите желби ќе се реализираат во дом каков што сте посакувале.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277