Заблуди за архитектите

Заблуди за архитектите

Заблуда 1:
Архитектот проектира според своја желба и вкус

– Архитектот проектира според потребите на клиентот во постојана координација, со примена на стандарди и нормативи за проектирање. Во процесот на работа од скица до завршен проект на клиентот низ 3Д визуализации го презентира дизајнот на објектот.

Заблуда 2:
Ангажирањето архитект е скапо 

– Грешките и недостатоците направени од страна на сите учесници во процесот на проектирање и изградба се многу поскапи доколку не се ангажира архитект. Освен со проектирање и дизајн, тој ќе Ви помогне и да го предвидите и распределите буџетот подобро и ќе Ве советува дали во објектот вреди да се инвестира.

Заблуда 3:
Архитектот работи сам

– За да изработи проект за добивање на дозвола за градба, архитектот треба да биде дел од лиценцирана архитектонска фирма за изработка на проектна документација. Архитектот координира повеќе инженери- соработници кои изработуваат проект од својата фаза (градежен инж., електро- инж., инж. за водовод и канализација, машински инж., проектант за ПП заштита и други соработници според потребите).

Заблуда 4:
Проектирањето е лесно, тоа е само цртање линии

– За архитектите секоја линија има значење, и во себе носи информација со која се создава третата димензија. Секоја нацртана линија е со темелно познавање на принципите за проектирање, модулите и стандардите за димензионирање на просторот. За да се создаде добар 3Д модел на објктот потребно е прво да се направат цртежи – основи и пресеци.

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277