КАКО ПРАВИЛНО ДА ОДБЕРЕТЕ ТАПЕТ?
Денешните технологии за производство на тапети нудат голем избор на дизајни со неограничени можности за уникатен амбиент во домот. Има најразлични дезени, богати текстури кои на допир изгледаат како свила, дрв, мермер и сл.
Cо правилна употреба на тапетот во просторот може да се постигне посакуваниот ефект. Во ентериерот бојата и текстурата на ѕидовите многу влијае на првиот впечаток за просторот. Бидејќи ѕидовите се најголемите површини, изборот на боја и дезен е многу важен.
Со поставување на тапет се постигнува посебен ефект кој не може да се постигне со обична боја на ѕидовите. Тој може да биде мат, сјаен, со изразена текстура, да има дизајн на различни материјали како дрво, камен или текстил.
Изборот на мотив или принт зависи од целокупниот дизајн на просторот, геометриски, органски, флорални, или фото- тапет.
Големиот избор на дезени понекогаш може да го отежне изборот ако не знаеме каков тип на тапет е потребен за просторот. Ви откриваме неколку начини за полесно да изберете тапет за вашиот простор.
Прв критериум при избор на тапет треба да биде на кои ѕидови ќе се примени тапетот, дали на сите или ќе биде само како акцент на одредени ѕидови.
Втор критериум е изборот на боја, дали ќе биде ладна или топла боја, дали ќе биде јака или пастелна боја и интензитетот на истата.
Трет критериум е дали тапетот треба да биде еднобоен или со шара и дали треба да има одредена завршница, мат или сјајна.
Четврт критериум е големината на дезенот. Таа треба да одговара на големината на ѕидот и просторот. Малите ѕидови не треба да имаат тапет со голем дезен за да не го гуши просторот.
Применети ги овие совети за да добиете убав простор со одбраниот тапет и да уживате во новиот амбиент.
Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука
Или контактирајте нѐ на:
е-mail: ateljeproekting@gmail.com
тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277