КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ НОВ СТАН?

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ НОВ СТАН?

Купувањето нов стан е нешто што секој го посакува, но како Вашите пари да ги инвестирате во квалитетен простор?

Прочитејте ги нашите совети кои ќе Ви помогнат да одлучите на што треба да обратите внимание при купувањето стан.

Дефинирајте ги своите барања: буџет, населба, приближна квадратура и број на соби, ориентација, тераса, достапност на паркинг место и остава.

На почеток на процесот со дефинирање на приоритети, ќе заштедите време во разгледување на недвижности што не одговараат на вашите потреби.

Информирајте се за градежната фирма од која го купувате, како и квалитетот на материјалите и инсталациите кои ги вградуваат.

Поради големата понуда за станови и градежни фирми, важно е да се осигурате во изборот на вистинската. Разгледајте ја нивната работа преку објекти кои ги имаат изградено.

Особенo важни се добриот функционален распоред, изолацијата, начинот на греење, ориентацијата и погледот на околината.

Доколку станот нема добар распоред, останатите критериуми го губат своето значење бидејќи во секојденвното користење ќе се соочувате со незадоволство. Изолацијата на фасаднте ѕидови како и ѕидовите помеѓу два стана е исто така важна за топлинска и звучна изолација кои нудат конфор во секојдневието.

Обратете внимание на пропорцијата и квадратурите на просториите, дали ги задоволуваат градежните стандарди и Вашите потреби.

Доколку сакате спална со “walk in closet” треба спалната соба да има поголема квадратура за да има доволно простор за овој тип на гардеробирање. Или доколку детската соба треба да ја користат две деца, за комфорно користење истата треба да изнесува минимум 12м2.

Одредете приоритети според кои ќе донесете одлука дали избраниот стан ги задоволува Ваште барања.

Доколку не можете да се одучите во изборот на стан ангажирајте архитект или дизајнер на ентериер кој ќе Ви помогне во одлуката со стручни совети.

Дополнително со изработка на дизајн на ентериер за стан ќе се предвидат и испланираат сите Ваши желби и потреби.

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277