НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

Кога го уредувате домот, посебно за првпат, понесени од големиот избор на можности и дизајни или поради моментални емоции лесно е да погрешите во изборот.

Од нашето долгогодишно искуство во областа на ентериерно уредување ги издвојуваме и споделуваме со Вас најчестите грешки:

 

 

БЕЛА ГАРНИТУРА

Белата гарнитура изгледа убаво и модерно, но одржувањето на истата е тешко.

✅ Наместо бела гарнитура за седење одберете неутрална светло сива. Доколку се одлучите за посветли нијанси на беж подобро е да биде изработена од кожа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЕДНОЛИЧЕН МЕБЕЛ

Не се трудете мебелот кој е изработен по мерка во целиот стан да биде од истиот материјал (иверица или медијапан). Ќе добиете стерилна и монотона атмосфера.

 

 

 

 

 

 

✅ За да се избегне оваа ситуација треба да се искомбинираат 3-4 различни обработки кои можеби по боја ќе бидат исти, но ќе имаат различна завршница.

 

 

 

 

 

 

ПЛОЧКИ ЗА БАЊА ВО ИНТЕНЗИВНА БОЈА

Не бирајте плочки во интензивни бои (жолта, црвена, портокалова, сина, зелена, розова и виолетова) освен ако не сакате да постигнете ретро изглед.

✅ Ако сакате бањата да има интересен дизајн, одберете плочки со излед на дрво, 3Д ефект или декоративни плочки кои ќе се употребат како акцент.

 

 

 

 

 

 

 

 

КУЈНА ВО НЕОБИЧНА БОЈА

Сите ја паметиме портокаловата кујна од 60 тите години која ја имаше во секој втор дом и колку брзо стана ‘‘досадна’’. Не бирајте кујна во необична боја, брзо ќе Ви се здосади, посебно доколку е во отворен простор со дневната соба.

✅ За вратничките одберете неутрални бои бело, беж или сиво во комбинација со дрво. Доколку сакате посилни бои, внесете ги како акцент преку деталите како чинии, садови, даски и слично.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277