ЗОШТО ИЗБОРОТ НА СТАН Е МНОГУ ВАЖЕН?

ЗОШТО ИЗБОРОТ НА СТАН Е МНОГУ ВАЖЕН?

При купувањето на стан често може да се донесе погрешна одлуката заради недостаток на време, совет или анализа и разбирање на просторот. Купувањето на стан е мноу важна одлука која внимателно треба да се донесе и при изборот да се консултира и стручно лице- архитект или дизајнер на ентериер кој ќе помогне во одлуката.

Споделуваме неколку важни аспекти при изборот на стан.

 

Просторот кој сте го одбрале ќе Ве опкружува секој ден.Каков избор сте направиле при купувањето,а понатаму и во уредувањето ќе влијае на секојдневното функционирање и расположение. Погрешните одлуки, како локација, ориентација, распоред на стан, мали и нестандардни квадратури,грешки при распоредот, неквалитетни материјали,дизајн на ентериер и мебел, секојдневно ќе Ви носат фрустрации и незадоволство. Убаво уредениот дом секојдневно ќе Ви предизвикува убави чувства и уживање кога сте дома.

 

 

 

Правилниот распоред на станот е многу важен за добро функционирање и ефикасно искористување на просторот. При влегување во станот, важно е претсобјето да има доволно простор за плакари за складирање на јакни и чевли. Распоредот и позицијата на кујната е добро да е блиску до влезот во станот и покрај вештачка вентилација да има и природна вентилација. Кујната треба да биде пропорционална со големината на станот.

Трпезаријата пожелно е да биде во непосредна близина на кујната за да има непречена комуникација.
Спалната соба треба да има најмалку 13 м2 и добри пропорции за нормално функционирање. Креветот е пожелно да биде пристапен од три страни и да има простор за наткасни од двете страни.

Дневната соба е простор во кој се собира целото семејство и треба да е пространа, со добри пропориции. Голема предност е кога дневната соба има тераса.

Детската соба има голем удел во развојот на детето, но понекогаш се среќаваме со пропорции и квадратури кои се недоволни. Единечна детска соба треба да има најмалку 8 м2. Треба да има добро природно осветлување, проветрување, удобен простор за спиење, учење и чување на облеката и играчките.

Според квадратурата, станот треба да има соодветен број бањи и тоалети. Во станови со повеќе од две спални неопходно е да има две бањи.

Станот треба да содржи и простор за складирање кој е многу корисен, но за жал е често изоставен во новите станови. Во сите простории потребно е оптимално природно осветлување.

Изборот на стан е многу важен бидејќи освен дом тој претставува и инвестиција во недвижност. Локацијата, зградата, квадратурата, вградените материјали, мебелот и опремата ја одредуваатвредноста на станот. Добро е да инвестирате во квалитетни недвижности и со уредувањето и одржувањето да ја зголемите неговата вредност. Без разлика дали станува збор за продавање или издавање, уредувањето има голема улога во проценката.

 

За да ги донесете вистинските одлуки за Вас и Вашето семејство, контактирајте нѐ при изборот и уредувањето на Вашиот нов стан!

 

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277