НА ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ШТЕДИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ
Кога буџетот за уредување на домот е ограничен важно е да се направат приоритети за добро да се распределат парите. Секогаш дајте предност на функционалните аспекти наспроти декоративните. Бидејќи функционалноста е тоа што ќе Ви донесе квалитет во секојдневното живеење. На декорациите брзо им поминуваат трендовите и стануваат непотребен трошок.
Во продолжение Ви презентираме на што не треба да се штеди во уредување на домот:
1. Гарнитура за седење
Бидејќи голем дел од времето ќе го минувате на неа важно е да е изработена од квалитетен штоф или кожа, да има добра конструкција и удобно седење.
2. Душек за спиење
Добриот сон е многу важен за расположението и здравјето. Во просек 30% од времето го поминуваме во спиење, затоа изборот на квалитетен и удобен душек е многу важен.
3. Чешми во бања и кујна
Заради секојдневното користење и честото дезинфицирање, важно е да се од квалитетен материјал и производител. Бидејќи чешмите и туш батериите не се менуваат често, треба да се направи добар избор кој долго ќе трае.
4. Ентериерни врати
Заради добро затварање, звучна изолација на просториите и механичко оштетување при користење, важно е ентериерните врати да се квалитетни. Исто така изборот на квалитетна влезна врата е од голема важност и од безбедносен аспект.
5. Работна плотна во кујна и шанк
Заради секојдневното користење при подготовка на оброци, користење остри ножеви, топли теџериња и изложеност на вода многу е лесно да се оштети. Најсоодветен избор би бил гранит, кварц или композитни материјали како керок, орналит, кориан и сл.
Доколку ви е потребна помош за урдување на Вашиот дом, ние може да ви помогнеме со идеи и 3D визуализација на просторот.
Контактирајте нѐ на:
е-mail: ateljeproekting@gmail.com
тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277