Што е Biophilic design?
Биофилија (lat. biophilia) значи љубов кон животот, се фокусира на човековата вродена привлечност кон природата и нејзините процеси. Сите ние имаме генетичка поврзаност со природата изградена низ стотици илјадници години, и со денешното урбано живеење во градовите се оддалечуваме од неа. Поголем дел од времето човекот го поминува внатре во домот или канцеларијата и со тоа се повеќе се губи поврзаноста со природата. Со вклопување на елементи од природата во ентериерот е докажано дека се намалува стресот, крвниот притисок и пулсот, а при тоа се зголемува продуктивноста, кративноста и добросостојбата на корисниците. Од тој аспект примената на Biophilic дизајнот е од големо значење во ентериерите, со цел создавање естетски пријатен простор и подобрување на квалитетот на живот.
Како да го примениме Biophilic дизајнот во ентериерот?
– Со поставување на растенија во ентериерот и надвор од него, како и овозможување поледи кон екстериер со зеленило.
– Употреба на природни материјали, текстури, шари и бои. Избор на форми во дизајнот на мебел и декорација кои се карактеристични за природата, органски форми, со заоблени агли, кои асоцираат на камења, листови и сл.
– Контрола на квалитетот на воздухот и нивоа на токсини, природна и вештачка вентилација на просторот .
– Овозможување на добро природното и вештачкото осветлување.
– Внесување на елемент- вода во просторот, преку фонтани, водени површини кои не само визуелно туку и со својот звук на течење вода допринесува за смирувачки амбиент.
– Поставување фотографии или тапети со илустрација на природа.
Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука
Или контактирајте нѐ на:
е-mail: ateljeproekting@gmail.com
тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277