Трендови во ентериер за 2021 година

Трендови во ентериер за 2021 година

На почетокот на новата година има многу предвидувања што ќе биде актуелно во наредните месеци. Ви ги презентираме трендовите во дизајнот на ентериер што најмногу ќе доминираат:

1. Јапанди е нов стил кој ги комбинира јапонскиот минимализам и скандинавската едноставност. Совршен спој на функција и форма, чисти линии, светол простор и светли бои. Естетиката се фокусира на едноставност, природни елементи и комфор. За љубителите на минимализам и “Hygge” овој стил е вистински избор. Со користење на натур дрво, пастелни неутрални бои со акценти на светло зелена и внесување на зеленило во домот за да се постигне “outdoor” амбиент.

2. Жолта (PANTONE 13-0647 Illuminating) и сива боја (PANTONE 17-5104 Ultimate Gray), се бои на годината според Pantone. Изборот на овие две бои имал за цел да прикаже како два различни елементи заедно носат порака за сила и надеж. Според Leatrice Eisman, извршен директор на Pantone color Institute, овие две бои се практични и цврсти како камен и истовремено топли и оптимистички. Треба да се почуствуваме среќно и охрабрено, што е есенцијално за човековиот дух. И двете бои лесно се вклопуваат во ентериерот, сивата како добра неутрална база, а жолтата за свежи акценти во просторот. Овие две бои ќе најдат широка примена во мебелот и декорацијата за домот или канцеларијата.

3. Неутрални земјени тонови и природни материјали, кои се во хармонија со просторот и корисникот. Подолгото поминување на време во домот, наметнува трансформирање на просторот во нешто што е поблиску до природата.

4. Biophilic design, револуционерен дизајн тренд кој се фокусира на внесување на природата во ентериерите, со цел добросостојба на корисниците- луѓето. Сите ние имаме генетичка поврзаност со природата изградена низ стотици илјадници години, со денешното урбано живеење во градовите се оддалечуваме од неа. Со вклопување на елементи од природата во ентериерот е докажано дека се намалува стресот, крвниот притисок и пулсот, а при тоа се зголемува продуктивноста, креативноста и добросостојбата.

5. Еко- френдли дизајн, уредување на домот со природни или рециклирани нетоксични материјали, кои не создаваат отпад , заштеда на енергија и ресурси со цел заштитување на околината. Употреба на природни материјали од природни влакна, кои содржат помалку токсини и хемикалии, често се биоразградливи и се користи помалку вода за нивно производство. При изборот на мебел употреба на рециклирани материјали и реупотреба на постоен мебел.

 

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277