5 СОВЕТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СПАЛНА СОБА 

5 СОВЕТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СПАЛНА СОБА 

Често во уредувањето, спалната соба се запоставува како просторија, но убавата спална соба е вистинска награда после напорен ден. Споделуваме 5 совети за ентериер на спална соба кои секој може да ги примени.

1. Покрај централното осветлување, одберете и амбиентално пригушено скриено светло.
Амбиенталното светло е пријатно за моментите на релаксација и не влијае на сонот. Може да биде поставено позади заглавјето на креветот, скриено во плафонот или ѕидна светилка.

2. Палетата на бои претежно да биде пастелна во земјени тонови, за да направи релаксирачки амбиент.
Боите во спалната соба за да се постигне хармоничен амбиент пожелно е да се неутрални. Со детали во нијанси на зелена, сина, виолетова може да се внесат акценти во просторот.

3. Одберете го најголемиот кревет за кој има простор и не штедете пари за квалитетен душек.
Големината и квалитетот на креветот и душекот се пресудни за добар сон.

4. Поставете ролетни, или “black out” завеси за целосно затемнување на просторот.
Во спалните со источна и јужна ориентација пожелно e да има можност за затемнување на просторот. Завесите ќе дадат дополнителна топлина на просторот.

5. Ѕидовие обложете ги со тапет, за да постигнете амбинет како во хотел со 5 ѕвезди.
Без разлика дали станува збор за раскошен тапет или тапет со едноставна текстура, ќе го дефинира целиот простор.

 

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277