КАКО ДА ГИ ИЗБЕГНЕТЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ ПРИ РЕНОВИРАЊЕ?
Реновирањето често знае да биде стресна активност за целото семејство. Заради недостиг на време и секојдневни обврски некои работи може да излезат од контрола и ентериерот на домот да не испадне како што сте посакувале. Издвојуваме неколку грешки што можат да се случат при реновирање и начини како да ги одбегнете:
Реновирањето трае многу подолго од тоа што мислевте
Прецизно дефинирајте ги позициите кои ќе се работат и направете хронолошки редослед на истите.
Боите и материјалите не се вклопуваат како што ги замислувавте
Секогаш при избор на боја или материјал за ентериерот носете мал примерок од останатите материјали во просторот за да ги видите сите заедно како изгледаат.
Мајсторите или изведувачот не се придржуваат до договореното
Пред да се одлучите кого да го ангажирате за реновирање на домот добро запознајте се со фирмата, или побарајте препорака.
Купивте мебел кој не одговара
Со порачки на материјали и мебел најдобро е да се започне месец или два пред отпочнување на реновирањето, за да не бидете принудени во последен момент да одберете од тоа што е останато на залиха.
Реновирањето ве чинеше повеќе од планираното
За да знаете попрецизно однапред колку ќе ве чини, најдобро е да ангажирате архитект или дизајнер на ентериер кој со проектот за реновирање ќе направи и предмер и пресметка на количините. Со пресметката ќе добиете конкретни понуди од фирмите изведувачи, а со надзорот од стана на архитектот или дизајнерот тие количини ќе бидат реални и контролирани.
Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука
Или контактирајте нѐ на:
е-mail: ateljeproekting@gmail.com
тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277