Како до добар дизајн на ентериер во 5 чекори?
1. Направете визуелна табла со фотографии од ентериери кои Ви се допаѓаат
Многу е важно уште на почеток да се дефинира стилот и палетата на бои на просторот. Кога ќе се постават фотографии со примери еден до друг лесно се наоѓаат заеднички карактеристики и се прави концепт за дизајнот. Визуелната табла до крајот на уредувањето се користи за да се потсетиме при донесување одлуки за материјалите, боите и формите во ентериерот.
2. Испланирајте добар функционален распоред
Иако не секогаш функцијата е првото нешто што го забележуваме во еден простор, секако е најважното. Бидејќи колку и да е добар дизајнот ако при користењето не функционира беспрекорно, не ја исполнува основната цел. Распоредот најчесто зависи од можностите на објектот, но важно е да знаеме како да ги искористиме неговите предности.
3. Ускладете ја палетата на бои, материјали и текстури
Секогаш при избор на боја или материјали (дрво, паркет, плочки, мебел штоф, кожа, тапет) носете со себе во продавница примероци од останатите обработки што сте ги одбрале. Полесно ќе биде донесувањето на одлуки. Кога би работеле со дизајнер на ентериер комбинацијата на бои и материјали би ја виделе претходно во 3Д моделот со што изборот уште повеќе би се олеснил.
4. Одберете квалитетно и рамномерно осветлување на просторот
Покрај природното осветлување на просторот кое е неопходно за секојдневните активности, многу е важно и вештачкото осветлување за ентериерот и во ноќните часови да овозможува топол амбиент. Покрај општото централно осветлување, потребно е и работно и амбиентално светло.
5. Доколку не сте вешти во уредување ангажирајте дизајнер за ентериер
Ако сепак немате доволно време или идеи за да го уредите Вашиот простор или имате голем простор за кој е потребно повеќе умешност, ангажирајте професионалец- дизајнер на ентериер. Дизајнерот ќе ви заштеди време, енергија и пари од можните погршни одлуки во процесот на уредување.
Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука
Или контактирајте нѐ на:
е-mail: ateljeproekting@gmail.com
тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277