Моника Стојчевска
 
 
 
 
 
 
 
Моника Стојчевска

Моника Стојчевска

Дипломиран инженер архитект

- управител и архитект -

Моника Стојчевска е родена во 1963 година во Прилеп. Средно образование завршува во гимназијата Јосип Броз Тито - Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при универзитетот ˶ Св. Кирил и Методиј ̋ во Скопје во 1987 година. Во 1990 година заедно со сопругот Илија Стојчевски го формираат друштвото за проектирање и инженеринг Ателје проектинг, каде работи како управител и главен проектант. Во своето долгогодишно работење, проектант е на голем број објекти, ентериери, како и наградени проекти во рамките на Ателје проектинг. Меѓу најзначајните награди е првата награда на конкурсот во 1994 година за идејно решение на Театар Ј.Х.К. Џинот во Велес, од каде продолжува понатамошното проектирање на основен проект, проект за ентериер и целосно завршивање на еден многу значаен општествен објект. Помеѓу позначајните реализирани проекти може да се набројат:

  • Хотелски комплекс во Визбегово,Скопје - проект и проектантски надзор (2016-2019)
  • Хотел и СПА Глориус, езеро Младост Велес - проект и надзор (2016)
  • Хотел Александар Палас, Скопје - ентериер и проектантски надзор (1998-2019)
  • Винарска визба ''Сковин'', Скопје - проект за ентериер и надзор (2010)
  • Болница „Систина“ , Скопје - основен проект, проект за ентериер и надзор (2009- 2011)
  • Театар Ј.Х.К. Џинот, Велес - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2008-2014)
  • Административен објект на Регионален катастар, Скопје - основен проект, проект за ентериер и проектантски надзор (2006)
  • Средно училиште АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје - основен проект за реконструкција и надградба (1999) и основен проект за спортска сала (2014)
  • Казино во хотел Метропол, Охрид - проект за реконструкција (2003)
  • Влада на Р. Македонија - Партерно уредување на плато (2000)