5 ЧЕКОРИ ДО МОДЕРНА КАНЦЕЛАРИЈА

5 ЧЕКОРИ ДО МОДЕРНА КАНЦЕЛАРИЈА

1. Поставете зеленило! Одредени растенија го прочистуваат воздухот и прават пријатен амбиент

Зеленилото нѐ прави посвежи, попродуктивни и нѐ асоцира на времето поминато во природа. Канцелариите со растенија зрачат со ентузијазам и хармонија. Можностите за вклопување на зеленилото се најразлични: мов на ѕидовите, саксии во различни големини и форми, растенија кои висат од плафонот во висечки саксии и сл.

 

 

2. Боење ѕидови во “нова боја” која ќе го трансформира просторот

Промената на бојата на ѕидовите е најлесниот чекор кој целосно ќе го смени визуелниот впечаток. За големи ѕидни површини секогаш е добро да се одбираат неутрални и пастелни бои кои нема да бидат нападни.

 

3. Старото осветлување да се замени со нов дизајн на висечки светилки

Старото модуларно “растер“ осветлување изгледа досадно во современите решенија за канцеларии. Поставување на висечки светилки во зависност од намената го разигруваат просторот и со својот дизајн внесуваат карактер.

 

4. Уредување на простор за конференциски повици или групни презентации

Промените во работењето во последната година и зачестеното комуницирање преку видео повик наметнува и промени во просторот и адаптирање на истиот на новите барања.

 

5. Поставување дизајнирани украси и детали кои ќе го заокружат стилот на “новиот”простор

Новите додатоци во ентериерот на канцеларискиот простор, како ѕиден часовник, рамки со фотографии на ѕидовите, украси и други додатоци треба да бидат усогласени во ист стил за сите промени да создадат една целина.

Доколку имате потреба од нашите услуги побарајте понуда тука

Или контактирајте нѐ на:

е-mail: ateljeproekting@gmail.com

тел: +389 70 367 499
+389 70 935 277